Search

Лефков: Кога последен пат се правеа измени на законот за градење и се кратеа постапки се случи трагедијата со модуларната болница

-Денеска на дневен ред стигнува законот за градење од пакетот на закони кои што стигнаа овде со злоупотреба на европското знаменце. Во предлогот за измени и дополнување на законот за градење  напишале како начела на овој закон се економичност и ефикасност. Со измените и дополнувањата на овој закон не се применуваат постапка за одобрување на идеен проект, одредбите за издавање на одобрение за градба, не се применуваат услови за започнување со изградба, одредбите кои се однесуваат на измени во тек на изградба и ред други. Почитувани колеги од мнозинството дали се сеќавате кога последен пат овде во Собранието оваа влада имаше предлог на закон за градење? Ноември, 2021 година и измената беше со закон за градење модуларни болници и се сеќавате што се случи, 14 луѓе живи изгореа во таква модуларна болница, истакна Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Лефков во врска со последната измена на законот за градење потсети дека последиците од тој закон се однесуваа на тоа дека на крајот кабелот беше крив за се.
-Дали се сеќавате кои принципи и начела беа и тогаш споменати во законот? Истите. Економичност и ефикасност. Ќе ја замолам целата македонска јавност да ги слушне аргументите на владата кога се менуваше законот за градење со кој се предвидуваше поставување на модуларно болници со скратени постапки кои што не ги исполнуваа условите. Последиците ги знаете сите и на крај видовме дека крив ни беше кабелот, кажа тој.
Лефков посочи дека сега станува збор за огромна капитална инвестиција и запраша сега кој ќе биде виновен за грешките.
-Сега станува збор за огромна капитална инвестиција, кого ќе обвинувате тогаш заменик министер? Дали повторно некој продолжен кабел ќе ни биде одговорен за вашите грешки? Дали повторно кабелот ќе е одговорен за непочитувањето на процедурите во Собранието? Дали повторно кабелот ќе биде виновен за злоупотребите на европското знаменце? Дали кабелот ќе биде виновен за тоа што ги суспендирате сите овие постапки? Дали кабелот ќе биде одговорен за последиците кои што ќе ги трпат работниците кои што ќе треба да работат до 72 часа и тоа на екстремни временски услови, запраша тој.
Пратеникот Лефков на крај порача:
-Еднаш ви се случи тоа и секој би рекол дека од грешките на одговорна влада ќе научи лекција, но што научи владата на СДС и ДУИ, научи дополнително како да го компромитира целиот процес и целата постапка.

Треба да знаете
Последни објави