Search

Утре без струја делови од Кисела Вода, Долно Лисиче, Волково, Визбегово, Драчево, Пинтија, Батинци, без вода дел од Сарај

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре, на 22.05.2023 година понеделник) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 09.00 до 10.00 часот,корисниците од ул.2 Визбегово поточно фирми и домаќинства во близина на Камп за азиланти во Визбегово (општина Бутел)

– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, дел од с.Долно Лисиче (ул. 10 и околина) (општина Аеродром)

– во периодот од 09.00 до 10.30 часот, дел од корисниците во с.Горно Оризари (општина Шуто Оризари)

– во периодот од 06.00 до 13.00 часот, корисниците од поголем дел од с. Долно Лисиче, поголем дел од Нас. Драчево, индустриска зона Пинтија, Батинци – и тоа: Депонија Дрисла, с. Батинци, с. Љубош, с. Долно Количани, с. Горно Количани, с, Црвена Вода, с. Алдинци, викенд населба Китка мала река, с. Палиград, Солунска глава. (општините Аеродром, Кисела Вода и Студеничани )

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул Пандо Кљашев (општина Кисела Вода)

– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од село Орман, село Никиштани, школо Волково, дел од село Волково (кај школото), стопански објекти Вртачица, Ударник, Регенератор, Асфалтна база Дарс, ГП Гранит Лепенец, МВМ Компани, Асфалтна база Гранит (општина Ѓорче Петров)

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од Техничкиот преглед Здружение на возачи во Кисела вода на ул.Михаил Чаков (општина Кисела Вода).

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, на 22.05.2023 година (понеделник) поради чистење и дезинфекција во резервоарот во с. Свиларе, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Свиларе

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот. Планирано време на завршување со работните активности е 15:00 часот. Свиларе е под општина Сарај.

Треба да знаете
Последни објави