Search

Две контри, два гола – Виљареал победи на „Монтоливи“ во Џирона

Во првиот саботен натпревар од 35.коло на Ла Лига, Виљареал забележа победа на гостувањето на „Мотоливи“, кај Џирона. „Жолтата подморница“, победи со 2:1, со голот на Џерар Морено во 94.минута и остана во трката за четвртото место. Асистент за двата кола беше Николас Џексон.

Две добри контри им беа доволни на фудбалерите на Виљареал да ги освојат бодовите, против домаќинот кој во текот на целиот натпревар беше подобриот тим на теренот.

Гостите поведоа во деветтата минута преку Пино, но на одмор заминаа со реми. Стрелец за Џирона беше Лопез во 24. минута.

А потоа во четвртата минута од судиското надополнување Џерард Морено му ги дава трите бода на Виљареал.

Виљареал сега е на петтото место на табелата со 60 бодови, два помалку од Сосиедад, кој има натпревар помалку и пет повеќе од Бетис, кој допрва треба да одигра натпревар од 35. коло. Виљареал со оваа победа обезбеди место во Лига Европа, а до крајот на сезоната ќе ќека кикс на Сосиедад за евентуално да дојде и до Лигата на шампионите.

Џирона е седма со 48 бодови.

Треба да знаете
Последни објави