Search

ВМРО-ДПМНЕ: Откако во рок од 2 години ја поскапеа цената на струјата за скоро 40% за обичниот граѓанин, сега им текна да се грижат?

Поради катастрофалните политики од неспособните кадри на СДС и ДУИ кои ги водат енергетскиот сектор и заради нивното несовесното работење изминативе 7 години граѓаните плаќаат за 100% поскапа електрична енергија, а ЕЛЕМ (ЕСМ) стана загубар кој се субвенционира со милиони евра од буџет.

Цената за неодговорноста, неспособноста и предизвиканите хаварии и штети, крајно време е да престанат да ја плаќаат граѓаните на Македонија!

Откако во рок од 2 години ја поскапеа цената на струјата за скоро 40% за обичниот граѓанин, сега им текна да се грижат?

Со враќање на дневната тарифа која е капка во море, споредено со се што им направија лошо на граѓаните на Македонија, нема да успеат да го придобијат народот.

Само со ВМРО-ДПМНЕ народот ќе почувствува кој навистина мисли на граѓаните. Сега е доцна да прават ваков ПР трик откако не осиромашија нас обичните граѓани, а нивните олигарси се обезбедија со имот и пари за три поколенија во иднина.

Нека знае секое семејство дека со враќање на евтината тарифа ќе добие најмногу 200 денари од СДС за да ги прелажат пред избори, откако не презадолжија со 230 милиони евра кој под плаштот на „енергетска криза” ги украдоа минатата година владејачките структури на ДУИ и СДС кои раководат со енергетските компании!!!

Одговорност за ова ќе има, народот знае дека едвај преживува, додека власта на неговиот грб се богати!

Треба да знаете
Последни објави