Search

Брентфорд го шокираше Тотенхем и му го загрози европскиот настап

Брентфорд го изненади Тотенхем во Лондон и го совлада со 1-3, а со тоа ги загрози и шансите на домаќинот за европски настап следната сезона. Воедно, Брентфорд се надева дека може да излезе на меѓународен план, доколку се поклопат коцките во последните две кола.

Хари Кејн постигна прекрасен гол за водство на Тотенхем во осмата минута, но на Брентфорд му припадна второто полувреме. Брајан Мбеумо беше творен на пресвртот, тој постигна два гола, во 50. и во 62.минута.

Третиот гол за Брентфорд беше дело на Јоан Виса во 88.минута од дуелот.

Треба да знаете
Последни објави