Search

„Рамо до рамо до победа”: Во Штип се отвора нова фабрика со нови и добри платени работни места, европскиот пат носи придобивки

Како дел од теренските активности „Рамо до рамо до победа” денеска, заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, беше меѓу граѓаните на општина Штип.

-СДСМ има резултати што навистина прават разлика. Не само што ги покачивме платите и пензиите, што успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните и во време на криза, политиките на СДСМ за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ значително влијаат за создавање конкурентна економија со сигурна бизнис клима. Минатата година имавме рекорден износ на странски директни инвестиции, а тој тренд продолжува и оваа година. Она што е особено важно е дека со овие инвестиции се отвораат нови и добро платени работни места. И во Штип се отвора нова фабрика, компанијата „Јагео” која ќе вложи 205 милиони евра во 4.000 работни места една своја фабрика ќе гради и тука во Штип. Со оваа инвестиција но и со претходните реализирани инвестиции, ниту Штип ниту Македонија веќе не се места на евтина работна сила, туку тука се отвораат нови добро платени работни места и тоа е заслуга на нашите економски политики, порача Лукаревска.

Заменик претседателката ја потенцираше поддршката за земјава од САД и упати порака сите општествени и политички чинители во општеството да покажат одговорност кон иднината и да дадат придонес за продолжување на европскиот пат.

– Од нашиот најголем поддржувач и сојузник САД, добиваме силна и јасна поддршка за продолжување на европскиот пат. Тој пат зависи од сите политички чинители и затоа, од овде уште еднаш ги повикувам да покажат одговорност кон иднината, да дадат поддршка за реформите кои се клучни за напредокот на државата кон ЕУ и на тој начин да обезбедиме сигурна иднина на нашите граѓани. Време е за глас за Европа, посочи Лукаревска во Штип.

Треба да знаете
Последни објави