Search

Рамо до рамо во Тетово и Кочани: Рекордни странски инвестиции и рекордна државна поддршка за домашните компании

Теренските активности на СДСМ, „Рамо до рамо до победа” продолжија и денеска со повеќе средби на тимовите на СДСМ, меѓи кои и со граѓаните од општините Тетово и Кочани.

Потпретседателот на СДСМ Фатми Битиќи, заедно со Кети Василевска, оствари средби со граѓаните на Тетово. Битиќи се осврна на успешните економски политики на Владата, кои резултираа со заштита на стандардот на граѓаните, со создавање конкурентна економија и со рекордни 753 милиони евра странски инвестиции минатата година.

-Се грижиме за работниците но и за компаниите, да создадеме добри услови. Стимулативните политики за странски инвестиции, нашата земја ја поставија на високо место на мапата на пожелни месата за инвестирање и според последното годишно рангирање на Светската банка, нашата држава е рангирана како 17-та од 190 економии во светот во однос на леснотијата на водење на бизнис, истакна Битиќи.

Потпретседателот Битиќи нагласи дека Владата предводена од СДСМ истовремено е посветена на транспарентна поддршка на домашните компании во нивните напори за унапредување на производството, конкурентноста и отворањето на нови и добро платени работни места.

На крајот на 2022 година исплативме рекордни 23 милиони евра, државна поддршка кон 410 компании, меѓу кои има и повеќе тетовски компании, само преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Се грижиме за нашите успешни компании, тие се клучни за економскиот развој на нашата земја но и за рамномерен развој, рече Битиќи.

Во Кочани рамо до рамо со граѓаните беа Каја Шукова и Наумче Мојсоски, кои со граѓаните разговараа за енергетските политики, пред се за мерките што се споведуваат за зелена трансформација.

Успешно реализираме енергетски политики особено во обновливи извори на енергија, за само 15 месеци се инсталирани 192 мегавати „зелена енергија”, во време на криза значително го зголемивме домашното производство на струја и го намаливме увозот, ги заштитивме граѓаните од ценовни шокови, а сега се разгледува можноста за повторно воведување на дневната евтина тарифа на електричната енергија, рече Шукова во Кочани.

Треба да знаете
Последни објави