Search

Лукаревска: Прогресивните сили во Собранието мора да победат, да продолжи европски пат на земјата

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукревска, во интервју за емисијата „Трилинг” порача дека прогресивните сили во Собранието мора да победат за да продолжи европскиот пат на земјата.

-Разговараме со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата. Прогресивните сили мора да победат, рече Лукаревска додавајќи дека СДСМ е политичка партија која во најтешки времиња носи важни, државнички одлуки и дека секогаш е на вистинскиот пат.

Во 2024 година ќе има редовни парламентарни избори, потенцираше Лукаревска и додаде дека СДСМ е секојдневно на терен, со граѓаните.

-СДСМ е секојдневно на терен со граѓаните, како што доликува на една модерна, демократска партија којашто од граѓаните го црпе мандатот. Постојано сме меѓу граѓаните а не одиме само пред избори. Јас и кога одам на терен, рамо до рамо со граѓаните, го кажувам истото, дојдовме тука со крената глава за да ви кажеме што направивме, но и вие да не корегирате, што треба да менуваме, да одговориме на прашањата. СДСМ е политичка партија која во најтешки времиња носи важни, државнички одлуки. Секако дека имаме и грешки, но сме на вистинскиот пат, рече Лукаревска.

Таа се осврна и на стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д.

-Блокадите на проектите не се решение. Законите поднесени во Собранието со европско знаменце за изградба на стратешкиот проект со коридорите заштедува време и пари. Во спротивно ќе губат и граѓаните и државата. Коридорите се важни за да се унапредиме и во делот на економијата и во делот на туризмот, додаде Лукаревска

Новиот финансиски инструмент, граѓанска обврзница ќе им помогне и на граѓаните и на државата и предвиден е со планот за забрзан економски раст, потенцираше таа. 

-Во буџетот ќе се инкасираат околу 50 милиони евра а граѓаните ќе имаа нова можност. Каматата ќе биде повисока отколку кај депозитите во банките, а пониска доколку државата се задолжи во странство, рече Лукаревска во емисијата „Трилинг”.

Треба да знаете
Последни објави