Search

Јаневски: Преку ‘Отворен Балкан’ креираме регионална туристичка Агенција

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата “Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

По „Отворен Балкан“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот треба да прерасне во регионална туристичка агенција, смета Љупчо Јаневски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Агенцијата постави три годишен план за рестартирање на секторот, тоа значи дека таа треба да порасне во регионална туристичка агенција и ние се стремиме тоа успешно да го сработиме, можеби и да се подигнеме на нивно на министерство зошто тоа го имаат другите земји. Туристичката промоција зависи и од Агенцијата но и министерствата и локалниот развој. И ова време се покажа дека туризмот е важна туристичка гранка. Сепак ако имаме една долга субвенција за која не се охрабруваат коморите и институциите да ја направат тогаш ќе почнеме да каскаме“, истакна Јаневски.

Треба да знаете
Последни објави