Search

Чаби Алонсо: Ништо не е решено во пресметката помеѓу Баер Леверкузен и Рома

Тренерот на германскиот фудбалски бундеслигаш Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, смета дека неговиот тим е добро подготвен за вечерашниот (21 ч.) полуфинален реваншот со Рома во Лига Европа. 

– Во Рим беше изедначен натпревар и мислиме дека така ќе биде и во реваншот. Ја чувствувам енергијата и расположението на тимот. Ќе го дадеме максимумот до последната секунда, бидејќи имаме шанса да стигнеме до финалето. Добро се подготвивме, се уште ништо не е решено, а целта ни е луѓето да го паметат реваншот со Рома уште многу години и овие спомени да бидат пријатни. Момците се подготвени и се надевам дека ова ќе биде прво од многуте полуфиналиња за Баер, изјави Алонсо. 

Во првиот натпревар римскиот тим победи со резултат 1:0. Реваншот ќе се одигра во Леверкузен вечер со почеток во 21 часот. зс/ 

Треба да знаете
Последни објави