Search

Силно невреме ги зафати Нови Сад и западна Србија

Силното невреме кое ги зафати Нови Сад и западна Србија зад себе остави застрашувачки сцени.

По сончевиот ден и летните температури, големи количества врнежи наврнаа во Нови Сад. 

Пожарникарите-спасувачи евакуираа две лица од покрив на поплавен автомобил на улицата Партизанска во Нови Сад и уште едно лице во Коцељева, каде беа поплавени повеќе објекти.

Возила низ поплавените улици, вода што влегува во автобусите, луѓе кои се качуваат на покривите на автомобилите, се само дел од застрашувачките сцени што можеа да се видат по врнежите.

Поради последиците од врнежите, полицијата интервенирала на територијата на градот Нови Сад, општина Беочин, Сремски Карловац, Зрењанин, Шабац, Рума и Ваљево.

Треба да знаете
Последни објави