Search

Пленковиќ: Ќе помогнеме да се санираат штетите од поплавите

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одржа работна средба со министрите, локалната заедница и надлежните служби за понатамошни активности на сите компоненти на системот за домашна безбедност и цивилна заштита со цел да се помогне на населението и да се спречат штети поради зголемување на нивото на водата.

„Огромните води во неколку окрузи, заштитата од поплави, високите водостои на реките продолжуваат. За жал, слична е ситуацијата, можеби и полоша и во другите европски земји“, изјави на почетокот Пленковиќ, а пренесува Н1.

Тој им се заблагодари на сите кои учествуваа во одбраната од поплави и кои им помогнаа на граѓаните. Тој рече дека ова се рекордни водостои.

На прашањето дали можеше на некои места да има подобра реакција, тој рече: „Колку што знам, Уна беше над пет метри во Костајница. Ситуацијата е сложена, но се прават напори. Одбранбениот систем можеби може да биде подобар“.
Но, како што истакна, подобро е од претходно.

„Погледнете ја поголемата слика, одете на Гугл, видете што се случува во Италија. Ова се огромни природни катастрофи, имаше одлична координација“ рече Пленковиќ.

Треба да знаете
Последни објави