Search

Панел дискусија на “Аналитика” за Отворен Балкан

Панел дискусијата која ја спроведе Тинк-тенк „Аналитика“ и која се однесува на Предизвиците и можностите од Иницијативата “Отворен Балкан” по кризата предизвикана од воениот конфликт во Украина јасно укажа дека домашните компании се задоволни од ефектите на „Отворен Балкан“. Дискутантите во рамки на панел дискусијата сметаат дека иницијативата носи развој на индустриите и државата.

Г-ѓа Славица Котиров, Директорка на Царинска Управа смета дека истражувањето на тема „Можности за регионална соработка, придобивки и предизвици од Иницијативата Отворен Балкан за компаниите од секторот туризам и земјоделие“  е од голем придонес за планирањето политики бидејќи таргетира значајни институции во државата.

„ Од 2019 година како резултат на регионалната трговија го имплементиравме концептот за регионална соработка особено во периодот на ковид кризата кога се воспоставија зелени коридори посебно за индустријата на лекови кои во тој период беа многу значајни. Генерално граничниот премин по „Отворен Балкан“ е многу важен сегмент од регионалната трговија која носи побрз проток за товарните возила, за кои верувајте и секоја намалена секунда е многу значајна затоа што секое задржување значи поголеми трошоци за бензин и забавен транспорт за компаниите. Секако многу е значајна и брзината на поминување на граничните премини и за патничките возила особено во туристичката сезона“, истакна Котиров.

Г-ин Марјан Забрчанец како Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи оценува дека „Отворен Балкан“ веќе донесе олеснет транспортот на зелени продукти, нови туристи и висока оценка и светска промоција на домашните производи.

„Преку „Отворен Балкан“ државата се претставува како висок вински регион, а преку вмрежување со колегите винари сериозно правиме и промоција на домашното вино на светскиот пазар. На следниот лидерски пазар во Белград ќе пуштиме ослободување на работните дозволи преку вадење на идентификациски број без дополнителни процедури или барања за престој за да има пристап до пазарот на труд во Србија и српските граѓани кај нас. Исто така очекувам наскоро да се лансира нов модел на електронска наплата на патарините, подготвуваме и иницијатива за младински кампови и школи со ефекти и врз туризмот и надвор од туристичката сезона. Со помош на коморите се планира и нов проект за обезбедување на комерцијални попусти на бензиски пумпи, музеи, настани и др. Важно е да се напомене и дека српскиот културен центар во Париз, Франција ќе стане „Отворен Центар“ и на „Отворен Балкан“ што значи нова можност за привлекување на странски инвестиции, со заедничко портфолио за пазар од 12 милиони жители“, изјави Забрчанец.

Концептот „Отворен Балкан“ значи и различна перцепција во различни држави, рече Г-ин Трајан Ангеловски, Претседател на Сојуз на стопански комори. Во суштина вели „Отворен Балкан“ секако значи зближување и соработка меѓу институциите во различните држави.

„Отворен Балкан секогаш се чувствува од политички аспект и тој е различно перцепиран од различни држави. Но настрана политичката перцепција реалноста е дека владите и институциите почнаа да комуницираат и веќе почна да се размислува што може да се поедностави за да работите течат полесно. Треба секој од нас позитивно да влијае на тие капацитети. И претходно постоеше мануелен систем за отворање компании но сега се работи да тие процеси и сувишни постапки се отстранат со цел да се скратат и олеснат процедурите“, рече Ангеловски.

По „Отворен Балкан“ Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот треба да прерасне во регионална туристичка агенција, смета Г-ин Љупчо Јаневски, Директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Агенцијата постави три годишен план за рестартирање на секторот, тоа значи дека таа треба да порасне во регионална туристичка агенција и ние се стремиме тоа успешно да го сработиме, можеби и да се подигнеме на нивно на министерство зошто тоа го имаат другите земји. Туристичката промоција зависи и од Агенцијата но и министерствата и локалниот развој. И ова време се покажа дека туризмот е важба тиристичка гранка. Сепак ако имаме една долга субвенција за која не се охрабруваат коморите и институциите да ја направат тогаш ќе почнеме да каскаме“, истакна Јаневски.

Ефектите од „Отворен Балкан“ допрва ќе се видат смета Гоце Георгиевски, Раководител на сектор за рурален развој на МЗШВ.

„Во рамки на „Отворен Балкан“ прв под секторот од нашиот делокруг кој гледа бенефит е винскиот сектор. Минатата година за првпат беше организирана една саемска манифестација за вино во Белград, од кои 55 претставници беа од СРМ. Може да најавиме дека се донесе одлука ако во Белград традиционално се одржува Саем на вино, кај нас да се одржува Саем за храна, со цел да се претстават земјоделските прехранбени производи и тоа би било во октомври“, вели Георгиевски.

Тинк-тенк „Аналитика“ денеска ги презентираше наодите од сеопфатното квантитативно истражување за ефектите и задоволството на домашните компании од резултатите кои ги дава иницијатавата „Отворен Балкан“. 

Истражувањето е спроведено со 150 извозно ориентирани компании, од кои 100 од преработувачката индустрија и 50 кои работат во делот на туризмот. Според споменатите податоци од компаниите кои беа предмет на истражување на Тинк-тенк „Аналитика“ јасно покажуваат дека извозно ориентираните компании од преработувачката индустрија и земјоделството силно ги чуствуваат бенефитите од Иницијативата „Отворен Балкан“ и имаат директни придобивки од неа. Исто така компаниите оценуваат дека „Отворен Балкан“ може да ја подобри и унапреди состојбата во туризмот во однос на финансиска поддршка и инвестиција, промоција на туристички дестинации, заеднички настап на трети пазари и отворање на нови канали на туристичка промоција.

Ова истражување на „Аналитика“ досега е и најголемата студија на темата која директно собираше податоци од компаниите и ги мереше ефектите од иницијативата „Отворен Балкан“.

Треба да знаете
Последни објави