Search

Модриќ: Анчелоти заслужува да остане во Реал

Фудбалерот од средниот ред на Реал, Лука Модриќ изјави дека тренерот Карло Анчелоти заслужува да ја задржи функцијата во мадридскиот клуб.

– Анчелоти заслужува да продолжи во Реал Мадрид. Во своето второ гостување го освои секој можен трофеј со тимот. Минатата сезона беше неверојатна, но овој пат не ја поминавме претпоследната пречка. Покажавме прилично добри резултати во Купот на Шпанија и Лигата на шампионите. Затоа, не се сомневам дека Анчелоти ќе остане, истакна Модриќ.

Реал Мадрид синоќа загуби од Манчестер сити со 4:0 во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите и со вкупни 5:1 ја загубија пресметката со „граѓаните“.

-Ќе размислам за следната сезона, треба да учиме од овој пораз и да најдеме начин како да бидеме подобри. Минатата година успеавме да го елиминираме Сити и да се пласираме во финалето. Оваа година тие беа на ред. Сити беше многу подобар. Сепак, да дојдеш до полуфиналето на Лигата на шампионите е успех. Никој не се сомнева во мене. Претседателот беше јасен пред 15 дена. Тоа што ми го кажа насамо, не можам да го споделам со вас. Следната сезона ќе бидам тука и повторно ќе се бориме за титулата во Лигата на шампионите. Ова беше добра сезона“, изјави Карло Анчелоти по поразот од Манчестер сити.

Треба да знаете
Последни објави