Search

Мајами со „брејк“ во Бостон- Батлер пак брилијантен

Во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на НБА лигата, Мајами Хит направи „брејк“ славејќи кај Бостон Селтикс 123:116. Иако домашните на одмор заминаа со девет поени предност, гостите целосно ја презедоа контролата врз играта во текот на третата четвртина, завршувајќи го третиот период со резултат 46:25, што им овозможи да влезат во последните 12 минути со удобна предност од 12 поени, што беше доволна залог за победа во серијата.

Како и обично, првото име на Хит беше Џими Батлер. Ѕвездата на тимот забележа 35 поени (12/25 од поле, 9/10 слободни фрлања), со пет скока и седум асистенции, како и шест украдени топки, што е негов рекорд во кариерата во натпревар од плејофот.

Статистичарите од НБА се погрижија да најдат доста детални, но споредливи податоци, па Мајкл Џордан е единствениот играч, заедно со Батлер, кој одигра два гостувања во историјата на плејофот со најмалку 30 поени, пет скока, пет асистенции и пет украдени топки.
Севкупно, на домашен и на гостински терен, Батлер им се придружи на Џордан (8), Ален Ајверсон (3), Расел Вестбрук (3) и Рик Бери (2) со два такви натпревари.

Воедно, во првите натпревари од плеј-офот Хит со Батлер имаат скор 9-2.

Селтикси ги предводеше Џејсон Тејтум со 30 поени (9/17 од поле, 11/11 слободни фрлања) и седум скока, но и две загубени топки доцна во натпреварот поради грешка во чекори. Џејлен Браун постигна 22 поени (10/21 од поле) со девет скока и пет асистенции, додека второ име за Хит беше Бам Адебајо со 20 поени (9/13 од поле), осум скока и пет асистенции.

Вториот натпревар од серијата, повторно во Бостон, е закажан за ноќта од петок кон сабота во 2:30 часот.

Треба да знаете
Последни објави