Search

Гвардиола: Не очекував дека ќе бидеме толку многу подобри

Манчестер сити многу полесно од очекувањата го совлада Реал Мадрид со убедливи 4-0 и ќе игра во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул. Тренерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, беше воодушевен од играта на неговата екипа и упати пофалби кон сите фудбалери, но и најави дека ќе биде претпазлив против Интер.

-Секогаш очекувате дека ќе одиграте добар натпревар, но не очекував дека ќе бидеме толку многу подобри. Игравме со болно сеќавање на минатата сезона. На домашен терен се чувствуваме моќни, ги победивме Арсенал, Баерн, Реал… Куртоа бранеше одлично. Во второто полувреме многу брзавме, па Гундоган и Кевин изгубија неколку топки. Родри беше одличен, без него немаше да бидеме тука и мило ми е што го имаме во екипата. Сега во финалето ќе играме против италијанска екипа, а за нив секогаш е најдобро кога не се фаворити, изјави Гвардиола по победата над Реал Мадрид.

Тренерот на Сити вчера ја забележа својата 100. победа во Лигата на шампионите.
Повеќе победи од Гвардиола во Лигата на шампионите имаат само Алекс Фергусон (102) и актуелниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти (107).

Воедно, Гвардиола по четврти пат се пласира во финалето на Лигата на шампионите во неговата тренерска кариера. Шпанецот двапати ја предводеше Барселона (2009 и 2011 година) и Манчестер Сити (2021 и 2023 година) до завршниот натпревар во елитното фудбалско натпреварување.

Гвардиола досега има два трофеи во ЛШ, двата му се со Барселона.

Треба да знаете
Последни објави