Search

Хари како Дајана- два часа со Меган бегале од папараци, избегнат поголем инцидент

Принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нејзината мајка Дорија Рагланд биле вклучени во „речиси катастрофална“ бркотница со автомобил во Њујорк додека биле следени од папараци, изјави неговиот портпарол.

„Оваа немилосрдна потера, која траеше повеќе од два часа, резултираше со повеќекратни блиски средби во кои беа инволвирани други возачи на патот, пешаци и двајца службеници на њујоршката полиција“, додаде портпаролот.

Инцидентот се случил откако Меган и Хари присуствувале на церемонија на доделување награди во Њујорк.

Тоа беше прво појавување на парот во јавноста по враќањето на Хари од Лондон, каде што присуствуваше на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс III.

Војвотката од Сасекс во Њујорк ја доби наградата „Жена со визија!“ за охрабрување на жените да се борат за еднаквост.

„Никогаш не е доцна за почеток. Можете да бидете визионери на вашиот живот… Има многу да се направи”, рекла Меган на доделувањето на наградата.

На 31 август 1997 година, по вечерата во хотелот Риц во Париз, мајката на Хари – принцезата Дијана и нејзиниот тогашен вереник Доди Ал Фајед излегоа на вечерно излегување. Автомобилот со голема брзина влетал во тунел и удрил во ѕидот. Возачот Хенри Пол и Доди починале на лице место, а Дијана четири часа подоцна во болница. Единствениот преживеан е телохранителот на Доди, Тревор Рис Џонс. Д-р Бруно Рион објави во 04:00 часот дека Дијана починала од внатрешно крварење предизвикано од тешки повреди на градниот кош, белите дробови и главата.

Несреќата се случила додека бегале од упорните папараци, но за смртта на Дајана во јавноста циркулираат бројни теории на заговор.

Принцот Хари долго време зборува за својот гнев поради влијанието на медиумите врз смртта на неговата мајка, јавува британската агенција Ројтерс.

Треба да знаете
Последни објави