Search

Коридорите 8 и 10-д како столбови на развојот

Пратениците денеска попладнево ја завршија расправата по Предлог законот за измени на Законот за работните односи, кој е дел од пакетот закони за изградба на коридорите 8 и 10, а гласањето ќе биде дополнително закажано.

Во текот на дебатата пратениците од опозицијата беа на ставот дека овие законски измени се спротивни на владеење на правото, затоа што, велат, законот ги поробува работниците, наместо да ги ослободува. Пратениците од мнозинството порачаа дека измените на законот се прават за поефективно, поефикасно и поевтино да се реализираат инфраструктурните проекти кои се од стратешки и национален интерес.

Владата на 8-ми март го потпиша договорот за изградба на автопатиштата од коридорите 8 и 10-д со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д тежи 1,3 милијарда евра и опфаќа изградба на вкупно 110 километри автопат. Рокот на изградба е до 2027 година

Ковачевски по потпишувањето на овој договор го означи како еден од најзначајните договори во историјата на нашата држава.

„Потпишуваме еден од најзначајните договори во историјата на нашата држава. Стартуваме со реализација на еден од најважните и најголемите инфраструктурни проекти во земјата. Овој историски проект значи реализација на една голема стратегиска определба. ” изјави Ковачевски по потпишувањето на договорот.

.Со проектот е предвидена изградба на модерни автопатски делници на четири патни правци во должина од 110 километри, како дел од Коридорите 8 и 10д: автопатот Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и автопатот Прилеп – Битола.

Со добрата инфраструктура се зголемува безбедноста во сообраќајот, а корист имаат и трговијата и економијата како и сите останати бизниси. Со реализација на овој проект ја заокружуваме патната оска Исток – Запад, со што се поврзуваме со две пристаништа: едното во Бургас, Република Бугарија и другото во Драч, Република Албанија. Дополнително, преку пристаништето во Драч ја имаме можноста за поврзување со пристаништето Бриндизи во Италија. Во иста мерка значаен е и Коридорот 10д кој нѐ поврзува на југозапад со Република Грција преку граничниот премин Меџитлија бидејќи со реализација на новата автопатска делница се забрзува патувањето во овој патен правец и се овозможува уште една врска со солунското пристаниште како услов за развој на пелагонискиот регион.

Покрај тоа што Македонија ќе добие 110 километри нов автопат, изградбата на киродорите привлекува и друга иницијатива а тоа е изградба на брза пруга Прешево-Скопје-Гевгелија-Солун која што на север ќе бидеме поврзани со Белград и Будимпешта а на југ со Атина.

Се работи на подготовка на сите првични иницијативи за да започне процесот на реализација на брза пруга низ Северна Македонија, која што во првата фаза ќе се надоврзе на веќе одминатите постапки за реализација на ваков железнички коридор од Будимпешта до Прешево во Србија за да продолжи трасата до Скопје, информираат од Владата.Втората фаза ќе биде подготовка на проектната документација за делницата од Скопје до Гевгелија, односно до границата со Грција

Почетокот на изградбата на коридорите 8 и 10д се предвидени за месец јули, така изјави директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми.

„Истовремено ќе почнеме од Гостивар кон Бојкочане и од Гостивар кон Тетово, но и Прилеп – Битола. Потоа ќе почнеме со Требеништа – Струга – Ќафасан. Тоа ќе биде во декември оваа година“ – реплицираше Рустеми.

Со изведбата на овој проект се обезбедуваат нови 8.000 работни места, нови инвестиции од 1,3 милијарди евра и номинален раст на БДП од 2% годишно во наредните пет години. Реализацијата на проектот и ангажманот на домашни компании во неговата изградба, ќе отвори голем број можности за нови бизниси и ќе се создадат услови за рамномерен регионален развој, а државата ќе се позиционира на светската економска и инфраструктурна карта.

Треба да знаете
Последни објави