Search

Ковачевски: Германија останува силен поддржувач на преговорите на Македонија со ЕУ

Германија останува силен поддржувач на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, објави на фесјбук премиерот Димитар Ковачевски по кусата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц на маргините од 4-от Самит на Советот на Европа во Рејкјавик.

– Секогаш убав разговор со докажаните пријатели на Северна Македонија. На канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц, му се заблагодарив што Германија останува силен поддржувач на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. Германија останува да биде најзначајниот трговски партнер на нашата земја. Тоа е потврдено со најголемиот број германски компании присутни во Северна Македонија, пишува Ковачевски ви објавата.

Тој во Рејкјавик имаше куси средби и со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со белгискиот премиер Александар Де Кру.

Треба да знаете
Последни објави