Search

Големи поплави во западна Босна, стотици куќи под вода, жителите евакуирани

Неколку стотини објекти се поплавени, а загрозеното население е евакуирано во западниот дел на Босна поради излевање на неколку реки, додека состојбата од ден на ден се влошува поради обилните дождови кои продолжуваат да паѓаат.

Најлоша е состојбата на Бихаќ и Босанска Крупа, каде покрај зградите поплавени се и неколку патишта, па граѓаните се отсечени. Водите се излеаја во поголемиот дел на Босанска Крупа, како и во нејзиниот центар, каде беа поплавени бројни семејни куќи и објекти. Состојбата дополнително ја влошуваат подземните води. Сите граѓани во критичните подрачја се евакуирани, известија од тамошниот кризен штаб. Патиштата се затворени за сообраќај, а спасувачките чамци се во подготвеност во сите критични области.

На подрачјето на Бихаќ поплавени се 300 згради, изјави за „Дневни аваз“ градоначалникот на тој град Елведин Седиќ. Посочи дека Уна е излеана, а најавата за нови врнежи создава дополнителни грижи. На неколку места се градат насипи.

Треба да знаете
Последни објави