Search

Уапсен е шефот на Врховниот суд на Украина

Претседателот на украинскиот Врховен суд е уапсен поради сомневање за корупција, објави канцеларијата на обвинителот на специјалната антикорупциска канцеларија.

Обвинителот не го наведе името на приведеното лице, само кажа дека станува збор за истакнато лице во Врховниот суд, на кое сè уште не му е врачено службено „известување за сомневање за извршеното казнено дело“. Претседател на Врховниот суд на Украина е Всеволод Књазев.

Канцеларијата на Националната антикорупциска канцеларија на Украина објави дека е „разоткриена корупција од големи размери во Врховниот суд“. Тврдат дека судиите и другите истакнати личности во Врховниот суд на Украина „примале незаслужени исплати“.

Националната антикорупциска канцеларија на Украина (НАБУ) објави фотографија на купчиња долари уредно наредени на кауч.

“Преку прикажување вистински случаи, вистински дела, гледате што ни е приоритет: корупција и криминална организација во самиот врв на власта“, рекол директорот на НАБУ Семјон Кривонос.

Треба да знаете
Последни објави