Search

СДСМ: Дијана Шишкова Гајдарџиска-Граѓаните заслужуваат домаќинско и одговорно работење

Поминаа едвај десетина дена од именувањето на новите директори на ЈП ИСАР Штип и ЈП СТИПИОН 2011, а тие веќе се зафатија за “работа”, се разбира на штета на граѓаните на општина Штип.

Па така, експресно до Советот на Општина Штип се доставени предлог одлуки за зголемување на висината на надоместок за оддржување на градското зеленило како и покачување на цената за паркирање на 131 паркинг место под превезот на “хуманоста”.

Имено со “амин” од Панче Стефановски, досегашен претседател на УО Стипион и актуелен директор на претпријатието, цената за дел од паркинг местата во центарот на градот, наместо досегашните 20 денари ќе биде 30 денари за орвиот и секој нареден час. Ова би значело зголемување за 50%, а за овие паркинг места нема да важат повластените месечни и годишни карти кои ги купиле граѓаните.

Во “трката” за превласт по бројот најмногу потпишани штетни одлуки, приматот го презема Кирил Зајков, актуелен директор на ЈП ИСАР и довчерашен директор на Стипион 2011.

Имено, неговиот потпис стои на двете писма со кои јавните претпријатија бараат покачување на услугите преку доставување на одлуките на УО до Советот на Општина Штип. Еден ден по “трансверот” на Зајков, односно на 5 мај 2023, успеал да ги достави одлуките за покачување и за двете ЈП до Советот на Општина Штип. По рекордното зголемување за над 110% на надоместокот за собирање на смет , граѓаните сега ќе се соочат и со покачување на надоместокот за одржување на градското зеленило десеткратно. Па така наместо досегашните 0,50 денари за м2 стамбена површина и 0,05 денари м2 за дворна површина, домаќинствата отсега ќе плаќаат 1,50 денари за 1м станбена површина и 0,5 денари за м2 дворно место, а иста е и состојбата правните лица .

Ваквите одлуки се особено неприфатливи ако се има во предвид незадоволството на граѓаните од работата на ЈП, кои секојдневно се жалат за несобраниот смет, неискосената трева, непрописно исечените дрвја, непристапните теотоари и незакрпените дупки по улиците.

И покрај досегашната пракса на мнозинството во советот предводено од ДПМНЕ, да ја прифатат секоја штетна одлука само затоа што доаѓа од Јорданов, се надеваме дека овојпат ќе проработи нивната свест и ќе се спротистават на ваквиот предлог.

Во време на светска криза, додека Владата предводена од СДСМ со низа мерки ги намалува сметките на граѓаните, воведува евтина струја и ја субвенционира струјата за јавните комунални претпријатија, неприфатливо е локалната власт предводена од ДПМНЕ да ги зголемува сметките и трошоците на граѓаните. Граѓаните заслужуваат домаќинско и одговорно работење, што за жал не го гледаме кај локалната власт предводена од ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави