Search

Речиси три тони кокаин запленети во пристаниште во Калабрија

Припадници на италијанската финансиска полиција во провинцијата Калабрија, со поддршка на Царинската управа, во два контејнерa открија 2,7 тони чист кокаин штo пристигнал од Гвајакил во Еквадор.

Кокаинот бил наменет за клиенти во Ерменија, а требало да биде подигнат во грузиското пристаниште Батуми. Кокаинот, кој се пренесувал во разладни контејнери долги над 12 метри, бил скриен во товар од 78 тони банани.

Треба да знаете
Последни објави