Search

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА – ДЕБАТА СО СТУДЕНТИТЕ НА УАКС за “Зајакнување на Источното крило на НАТО”

Денес со почеток во 10:30 часот, ќе се одржи ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА – ДЕБАТА СО СТУДЕНТИТЕ НА УАКС за “Зајакнување на Источното крило на НАТО”
Настанот ќе се одржи во Амфитеатар 1 на Универзитет Американ Колеџ Скопје.

На панел дискусијата ќе присуствуваат претставници од земјите од Вишеградската група и од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе ги исложат своите ставови, по што ќе следат и прашања од студентите од Универзитет Американ Колеџ Скопје.

Воведно обраќање:
Проф. д-р Марјан Бојаџиев, ректор на УАКС

Панелисти:
Н. Е. Јарослав Лудва – Амбасадор на Чешката Република во Република Северна Македонија
Пјотр Висоцки – Вршител на должност, Амбасада на Република Полска во Република Северна Македонија
Томас Стразау – Директор на Словачката асоцијација за надворешна политика
Ѓула Сумоги – Директор на одделот за безбедносна политика и непролиферација, Министерство за надворешни работи и трговија на Унгарија
Филип Тосевски – Државен секретар, Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија

Модератор:
Проф. Марина Андева, УАКС

Панел дискусијата е организирана од страна на УАКС, Клубот на почесни конзули, Амбасадите од земјите на Вишеградската група и МНР на РСМ.

Треба да знаете
Последни објави