Search

Македонските ракометари ќе играат отворањето на ЕП 2024 против Франција на фудбаласки стадион!

Германија ќе биде домаќин на Европско ракометно првенство за мажи кое ќе се одржи на почетокот од идната година, а на кое ќе настапи и Македонија.

Европската ракометна федерација денеска го потврди распоредот и локациите на кои ќе се играат натпреварите. Македонија против фаворизираната Франција ќе ја има честа да го отвори овој ракоетен спектакл. Покрај ривалот, предизвикот за избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе биде уште поголем ако се знае дека овој натпревар е планиран да се одигра на фудбалската арена во Диселдорф на 10 јануари 2024 година од 18 часот, каде потоа (20.45 ч.) ќе настапи и домашната селекција Германија против Швајцарија.

Капацитетот на стадионот во Диселдорф е 50.000 гледачи.

По ова прво коло, сите четири екипи од групата А ќе се преселат во Берлин, каде што ќе ги одиграат преостанатите три меча. На 14 јануари Македонија игра против Германија, два дена подоцна со Швајцарија. 

Треба да знаете
Последни објави