Search

ВМРО-ДПМНЕ: МОН бара апсурдни услови во тендер за учебници по англиски за да ги исфрли реномираните издавачки куќи и да може веројатно да го додели на фирма блиска на власта

Министерството за образование и наука стана министерство за скандали и сомнителни тедери. Последниот случај за сомнителент тендер во ова министерство е јавниот повик за учебници на англиски јазик. Имено на овој јавен повик МОН утврдило услови кои се дикриминаторски и кои имаат за цел да ги исфрлат од игра реномирани издавачки куќи како Оксфорд и Пирсон. Тие апсурдни услови дадени неколку дена пред распишувањето на повикот се сосема непотребни ИСО сертификати за кои се чека и по шест месеци, и условот да имаат приходи од 20 милиони денари во трите последни години, а се работи за материјали кои се специјализирани и се продаваат по реални пазарни цени.

Овде смрди на наместен тендер во кој се исфрлаат реномирани издавачки куќи од игра, за веројатно тоа да го добие некоја друга компанија блиска до власта на ДУИ и СДС. МОН измислува услови преку кои може да се исцрта кој ќе го добие тендерот.

Заради матните зделки во ова министерство образованието пропадна. Нема учебници, немаше на време сведителства, нема надгледни средства, хартија и основен материјал за работа во училиштата. Оваа власт на ДУИ и СДС е фрлена во целост на криминал и корупција. Спремни се секој тендер да го наместат, за да заработат некоја пара, па макар тоа значи упропастувење на цел еден систем.

Ова се прави на очиглед на јавноста. Тоа што сега правосудните органи молчат, не значи дека вечно ќе биде така. Одговорност мора да има!

Треба да знаете
Последни објави