Битиќи: Жените претприемачки креираат успешни компании кои носат развој

На посетите на компаниите кои ги поддржуваме преку Законот за финансиска поддршка на компании сум среќен кога ќе не пречека сопственичка како Аница од компанијата „Еко – груп“ во Кавадарци, млада компанија која брзо се развива под водство на Аница, објави на Фејсбук вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тој нагласи дека „жените претприемачки креираат успешни компании кои носат развој, компанијата „Еко-груп“ е пример и доказ за тоа“.

Последните статитстики покажуваат дека сè уште околу 50% од жените во нашата земја се надвор од пазарот на труд. Денеска ова го пишувам за да се инспирираме, да ги покажеме добрите примери и да ги охрабрам сите жени. Потребни сте на пазарот на труд, потребни сте на менаџерски позиции каде што се носат одлуки, потребни сте со вашите иновативни идеи да креирате стартапи и да основате компании. Поддршката ја имате и секогаш ќе ја имате, сите заедно ќе креираме успешни приказни, кој ќе бидат дел од нашата“, потенцира Битиќи.

Треба да знаете
Последни објави