Search

Обид за убиство во Нови Сад: Маж прободен со нож во стомак во напуштена куќа, повредениот итно пренесен во болница

Обид за убиство во Нови Сад. Синоќа, 53-годишен маж се обидел да убие 43-годишно лице.

Како што пренесуваат српските медиуми, М.Д.(53) се обидел да го убие Ј.У. (43).

Околу 23 часот и 30 минути во напуштена куќа на улицата „Тоне Хаџиќа“, М.Д., му нанел два убоди со нож во стомакот на несреќниот маж.

Ј.У. бил пренесен во болница, а осомничениот М.Д., брзо бил легитимиран и приведен во полициска станица.

Треба да знаете
Последни објави