Search

Нинова: БСП ги прекинува разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за состав на новата бугарска влада

Лидерката на бугарската Социјалистичка партија, Корнелија Нинова попладнево изјави дека одлучиле да ги прекинат сите разговорите со ГЕРБ за првиот мандат за формирање нова влада во земјата. 

-Донесовме одлука за прекинување на разговорите со ГЕРБ – ниту за учество, ниту за поддршка, изјави Нинова пред новинарите во Софија.

„Доста направивме, хаосот и лицемерието што го демонстрираат не може да продолжи, барем за нас“, коментираше  таа.

Треба да знаете
Последни објави