Search

Барцокас му се придружи на Обрадовиќ со признанијата од Евролигата за најдобар тренер

Наградата за најдобар тренер на сезоната во кошаркарската Евролига му припадна на тренерот на грчкиот Олимпијакос, Јоргос Барцокас. Грчкиот стратег стигна до индивидуалното признание број три од Евролигата за најдобар тренер на сезоната и се изедначи со српскиот стратег Жељко Обрадовиќ на вечната листа.

Деветкратниот шампион на Евролигата, Обрадовиќ признанието за најдобар тренер на сезоната го освојуваше два пати како тренер на Панатинаикос и еднаш како тренер на Фенербахче, додека неговиот грчки колега Барцокас три пати го понесува овој епитет како предводник на Олимпијакос.

И оваа сезона Обрадовиќ беше кандидат за престижната награда, но заврши како второпласиран, откако не го комплетира чудото со својот Партизан, иако во четвртфиналната серија имаше предност од 2:0 во победи против Реал Мадрид и не се пласираа на завршниот турнир каде ќе се разигрува за титулата.

Треба да знаете
Последни објави