Search

30 лица повредени во тешка сообраќајка со автобус полн ученици

На автопатот Приштина-Пеќ, кај градот Враголија, се случила тешка сообраќајна несреќа во која се повредени 30 лица.

Медиумите јавуваат дека во несреќата учествувал автобус кој превезувал ученици од екскурзија во Албанија.

Според косовската полиција, во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион и автомобил со ознаки „РКС“.

– На местото на настанот излегоа надлежни полициски единици. – информираат од косовската полиција.

Медицинските екипи се на терен.

Треба да знаете
Последни објави