Search

Силен земјотрес во Јапонија

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди јапонската префектура Кагошима, на југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Засега не е издадено предупредување за цунами, објави новинската агенција Кјодо.

Земјотресот се случи во 16 часот и 10 минути по локално време во селото Тошима, кое е дел од синџирот острови Токара, додаде Јапонската метеоролошка агенција

Треба да знаете
Последни објави