Search

Османи: Македонија не може да дише без ЕУ

Ако нема европска можност оваа држава тешко дише. Европската идеја нас ни дава сила, ни дава гориво за реформи, ни е лепак за меѓуетничките односи, ни е кислород за државата. Без тој процес се плашам дека ќе почнеме да се гушиме како држава во изолација. Ова го изјави вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи во телевизиско гостување.

Според него, уставните измени мора да се случат.
„Тоа е навистина премногу важно прашање за иднината на државата. Ако се стопираат преговорите во ноември, Албанија ќе ги продолжи преговорите, ние влегуваме во една сериозна фаза, а можеби и декада на изолација. Се создава нова патека во регионот пред се заради Украина. Таа доби кандидатски статус по најбрза можна патека, најверојатно ќе добие и преговори, а тоа е важно и геополитички прашање. Европската Унија не може да прескокне на Украина, без да даде шанса на Западен Балкан. Ќе се создаде една патека и заради дијалогот Србија-Косово. Ние сме тука во можност да не се качиме на таа брза патека, да влеземе во период како во 2006-2017 година во една меѓународна изолација

Шефот на дипломатијата вели дека со внесувањето на Бугарите во Уставот им се одзема аргументот дека имаме дискриминаторен став кон било која заедница и смета дека тоа би било позитивна одлука и за Македонците. Државата не можела, ниту може да добие некогаш подобар договор од тој што го има сега, односно подобра преговарачка рамка. Ниту, како што рече Османи, може било кој некогаш да има илузии дека може да репреговара за Преговарачката рамка. Тоа е сигурно, додаде министерот.

Треба да знаете
Последни објави