Search

ВИДЕО: Силна експлозија во Украина, луѓето во паника не знаат што се случува

На социјалните мрежи кружи видео од експлозија во градот Хмелницки во Украина. Експлозијата се случила на 150 километри од Лавов.

Снимката е објавена на Твитер и покажува огромна експлозија и огнена печурка која се издигнува високо кон небото. Во еден момент почнува да личи на лава, а огнот набрзо исчезнува и останува огромен облак од чад. На видеото се слушаат и морничавите звуци од експлозијата.

Треба да знаете
Последни објави