На 9.5.2023 полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Л. Ф. (50) од Неготино затоа што во Центарот за социјални работи во Неготино упатил закани кон една вработена и се соблекол пред неа.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.