Search

Ѓоковиќ: Не знам уште колку ќе бидам „гладен“ за титули

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ овој период е во Италија каде во петок го очекува првиот меч на мастерсот во Рим.

оковиќ во средата во Милано го следеше првиот натпревар од полуфиналето во фудбалската Лига на шампионите помеѓу Милан и Интер. Еве што одговори Ноле на прашањето дали и натаму има голема желба да освојува титули:

– Не знам уште колку ќе бидам гладен за титули, можам да ви гарантирам дека тоа е уште присутно во мене, барем сега. И тоа многу ме мотивира – рече првиот светски рекет во интервјуто за „Гаѕета“.

Ѓоковиќ се потсети и на својот прв меч во Рим:

– Секако, едно од најубавите спомени е таа прва титула во 2008 година, кога во финалето го победив Вавринка. Имав само 20 години, а го освоив трофејот на еден од најубавите и најважните турнири. Сигурно со задоволство се сеќавам и на другите мечеви, особено на оние против Рожер Федерер и Рафаел Надал, затоа што да се победи против нив секогаш имало посебно значење, тие се противници кои ме следеа цел живот – се зборовите на српскиот тенисер.

Треба да знаете
Последни објави