Search

Четворица повредени и неколку автомобили во пламен по експлозија во Милано

Силна експлозија го погоди центарот на италијанскиот град Милано, објави новинскиот канал „Скај ТГ 24“.

Најмалку пет автомобили и четири мопеди се запалени, а пожарот се проширил кон становите на улица и кон аптека како резултат на експлозијата, соопшти телевизијата. Наводно, комбе експлодирало на улица во квартот Порта Ромања во близина на центарот на Милано.

Според „Ла Република“, комбето превезувало боци со кислород кога експлодирало предизвикувајќи домино-експлозии.

Во експлозијата се повредени четири лица, пренесува „Ервоњуз“.

Треба да знаете
Последни објави