Search

Рускиот истражен комитет: Во украинската војска има платеници од 70 нации

Рускиот истражен комитет утврдил факти кои го потврдуваат регрутирањето платеници од повеќе од 70 земји од страна на Украина и нивното учество во борбите на украинската страна, изјави денеска претседателот на Рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, пренесува ТАСС.

„Утврдени се факти што потврдуваат дека се регрутирани платеници што се поддржувачи на нацистичкиот режим во Киев и кои потекнуваат од повеќе од 70 земји – главно од Европа и од американскиот континент, кои најактивно водат антируска политика и учествуваат во борбите“, истакна тој на конференцијата на Уставниот суд во рамките на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.

Бастрикин посочи дека веќе е добро познато како Европа, како обединет ентитет, му помага на режимот во Киев, пред сè, со оружје.

„Слоганот ‘Војна со Русија до последниот Украинец’ сега се претвора во реалност“, предупреди тој.

Треба да знаете
Последни објави