Search

Мистериозна експлозија во стан во Германија, еден мртов, 12 повредени пожарникари и полицајци

Дванаесет лица се повредени во четвртокот во експлозија на последниот кат од станбена зграда во градот Ратинген во западна Германија. Сопственикот на станот во меѓувреме бил уапсен, а во станот наводно било пронајдено тело. Во тек е опсежна истрага од страна на полицијата, противпожарната и другите служби за да се утврди што се случило.

Херберт Реул, министер за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија, потврди дека според прелиминарните наоди на истрагата во експлозијата се повредени десет пожарникари и двајца полицајци, а безбедносни извори велат дека не можат да исклучат намерен напад.

Полицијата и пожарникарите биле повикани да му помогнат на повредениот, а кога пристигнале на вратата од станот одекнала експлозија, изјави портпаролот на полицијата. Околу десет часот наутро претставникот на станарот повикал полиција бидејќи забележал дека поштенското сандаче на еден од станарите е полно. Полицијата потоа го пренасочила повикот до пожарникарите кои требало да ја отворат вратата, пишува Focus.de.

Локалните медиуми јавуваат дека на околните балкони биле стационирани снајперисти, а Билд наведува дека имало неколку мали експлозии и дека напаѓачите во меѓувреме се совладани. Еден човек бил изнесен од станбена зграда и покриен со ќебе на носилка до брза помош, објави еден од новинарите.

Специјалците упаднале во станот и уапсиле 60-годишен маж, изјавила портпаролката на полицијата. Се уште не е утврдено дали се работи за истото лице кое на носилки било изнесено од зградата. По апсењето, во станот е пронајдено тело, што го потврди и министерот за внатрешни работи на Северна Рајна Вестфалија.
Штом пожарникарите и полицијата влегле во станот, настанал пекол. Нешто гореше, а веднаш потоа дошло до експлозија. Според германските медиуми, во станот живееле мајка и син.

Според информациите на Шпигел, експлозијата се случила за време на рација во стан со претходно познат антиваксер и поборник на бројни теории на заговор.

Треба да знаете
Последни објави