Ковачевски: Прашувате за платите на функционерите, а не и за платите на директорите, кои земаат трипати повеќе

Функционерите земаат плата според закон и ова зголемување се случи кога Уставниот суд укина одредби од Законот за платите, изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање кога ќе ги објават зголемените плати.

„Минатата година најавив дека постои неусогласеност и неконзистентност во платите во нашата држава. Вие прашувате за платата на пратеник или министер, а не прашувате за платата на директорот на едно регулаторно тело кого го именуваат пратениците, а зема трипати поголема плата и од претседателот на државата и од еден пратеник“, рече Ковачевски.

Затоа, според него, Законот за платите треба да изврши усогласување, како што имаат други држави, како во Белгија, но и во нашето соседство, каде што ќе се знае која е највисоката плата и врз основа на кои критериуми ќе бидат регулирани и другите плати.

Вакво законско решение веќе се подготвува, нагласи Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави