Search

Диетата со кафе ги освои интернет корисниците

Да спомнеме и дека ова не е волшебен напиток и дека резултатите нема да бидат видливи без мало коригирање на вашата исхрана.

Нутриционистката Лиза Ричардс советува дека најдобро е да пиеме домашно кафе без додаток на шеќер и млеко затоа што така нема да внесуваме непотребни калории.

Но, нејзиниот специјален трик е еднаш во текот на денот во шолјата кафе да додадете и малку цимет.

Лиза вели дека на личен пример утврдила колку кафето во комбинација со цимет е моќно.

Имено, секое утро во својот омилен напиток додавала и една лажичка од овој зачин. За еден месец забележала значајна разлика во тежината. Успеала да ослабне 4 килограми и да се ослободи од салото кое со години го имала на стомакот.

„Циметот поттикнува термогенеза во телото и така доведува до топење на масните наслаги“, објаснила Ричардс.

„Тоа е процес на загревање на телото и тој може да доведе до тоа да согоруваме повеќе калории. Освен тоа, циметот е природна опција за поттикнување на термогенезата и секако најдобар избор од разните суплементи кои можат да го направат истото“, наведува таа.

Таа спомнала и дека ова не е волшебен напиток и дека резултатите нема да бидат видливи без благо коригирање на исхраната и воведување на физичка активност.

Треба да знаете
Последни објави