Добра вест за земјоделците – јавен повик за доделување 10.000 евра неповратни средства

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави Јавен повик со кој земјоделците ќе можат да аплицираат за неповратни средства до 10.000 евра за модернизација на своето производство.

„Партнерски со земјоделците ја креиравме мерката бизнис план во земјоделството. Мерка која ги поддржува индивидуалните земјоделци чија основна дејност е земјоделството. Поддршката е во форма на кофинансирање во висина до 10.000 евра по корисник и истите можат да се искористат за набавка на земјоделска механизација, пчеларска опрема, силоси, опрема во објекти за производство на храна од животинско или неживотинско потекло, опрема за навигација и смарт земјоделство на постоечки трактори, комбајни и приклучна механизација, машини за разбивање на мраз, инвестиции во објекти на фарми за обновливи извори на енергија за сопствена потрошувачка, опрема за производство на тутун, како и набавка на хардвер и софтвер за примарно земјоделско производство“ објави на својот профил на социјалните мрежи министерот за Љупчо Николовски.

Треба да знаете
Последни објави