Search

Украинските власти извршија рација во редакцијата на про-опозициски медиум во Одеса

 Во јужниот украински пристаништен град Одеса, полицијата и тајната служба СБУ извршија рација во редакциите на проопозицискиот медиум Dumskaya.net.

– Ова е следен обид на (партијата на претседателот) „Слуга на народот“ да спречи каква било критика упатена на нејзина адреса, се вели во соопштението објавено денеска.

Како што пренесува ДПА, новинарите се сомневаат во поврзаност меѓу рацијата и нивните неодамнешни извештаи за корупција во регионалната администрација на Одеса и регионалниот совет.

Полицијата и СБУ првично не го коментираа инцидентот.

Онлајн медиумот Dumskaya.net, кој е влијателен во Одеса, му припаѓа на пратеникот на прозападната партија Европска солидарност на поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Треба да знаете
Последни објави