Search

Русија ќе се повлекува од договорот за конвенционални вооружени сили во Европа

Русија изрази намера да се повлече и формално да се повлече од договорот за конвенционални вооружени сили во Европа (ЦФЕ), договор за воена транспарентност, кој во моментот е суспендиран во земјата, пренесува РТ.

Рускиот претседател Владимир Путин го назначи заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков, да ја надгледува процедурата на повлекување во рускиот парламент. Назначувањето беше објавено денеска како дел од редовните соопштенија од Кремљ. Рјабков ќе ја претставува владата во двата дома на парламентот во врска со предложеното повлекување, се вели во документот.

ЦФЕ беше еден од темелите на обидот за намалување на тензиите меѓу Варшавскиот пакт и НАТО во последните денови на СССР.

Договорот за конвенционални вооружени сили беше потпишан на 19 ноември 1990 година во Париз, а стапи во сила во 1992. Негови првични потписници беа 16 држави членки на НАТО и 6 држави од варшавскиот пакт.

Со договорот се воспоставија ограничувања за големината на распоредените конвенционалните вооружени сили и се дефинира бројката на конвенционалното вооружување во Европа, односно се ограничуваше количеството тешко вооружување на просторите од Атлантскиот Океан до Урал. Освен тоа, договорот наметна и повеќе механизми за транспарентност, како верификациските инспекции на терен.

По распадот на варшавскиот пакт и СССР, се загуби рамнотежата поради проширувањето на НАТО на сметка на поранешните земји сојузнички на СССР и неговите составни делови.

Москва го потпиша адаптираниот договор, кој не беше ратифициран од мнозинството европски држави, но во 2007 година делумно го суспендира наведувајќи го како причина фактот дека новите членки на НАТО не ги почитуваат ограничувањата на своите армии во согласност со ЦФЕ, а во 2015 година целосно се повлече од механизмите на договорот.

Претходно во февруари, Русија го суспендира своето учество во новиот СТАРТ, последниот билатерален договор со САД за намалување на нуклеарното вооружување.

Треба да знаете
Последни објави