Search

Нов трипл дабл на Јокиќ за трета победа против Феникс, Филаделфија го шокираше Бостон

Кошаркарите на Филаделфија 76ерс и на Денвер Нагетс славеа во петтите натпревари од полуфиналната серија.

Филаделфија славеше во Бостон со 115:103 и поведоа со 3:2 во серијата. Гостите во ТД Гарден имаа постојано водство а водеа со дури 21 поен во последната четвртина и во тие моменти домашните навивачи ги исвиркаа своите играчи.

Филаделфија има шанса да ја затворат серијата и да се пласираат во финалето во четврток на домашен терен. Последен пат Филаделфија играше во источното финале во 2001 година, кога беа предводени од Ален Ајверсон и отидоа во големото финале, каде беа поразени од Лејкерси.

Џоел Ембиид ги предводеше 76-ките со 33 поени, 7 скока и 4 блокади. Треба да се каже дека постигна и 3 тројки. Тајрис Макси додаде 30 поени со 6 тројки, додека Џејмс Харден мечот го заврши со 17 поени, 10 асистенции и 8 скока.

Поразениот Бостон го предводеше Џејсон Тејтум со 36 поени, но со слаби 11-27 шут од поле. Џејлен Браун додаде 24 поени. Селтикси погодија за 12-38 од тројки на овој натпревар.

Во вториот полуфинален натпревар, исто така од петтата серија на Запад, Денвер Нагетс победија со 118:102 и поведоа со 3:2 против Феникс Санс. Откако четвртиот натпревар го заврши со „монструозни“ 53 поени, Никола Јокиќ овојпат го предводеше тимот со трипл-дабл со 29 поени, 13 скока и 12 асистенции. Брус Браун додаде 25 поени, додека Џамал ​​Мареј и Мајкл Портер го завршија натпреварот со 19 поени.
Кај Санс најефекиасно беше Ол-стар дуото во поразот. Кевин Дурент постигна 26 поени и собра 11 скока и 7 асистенции додека Девин Букер постигна 28 поени.

Треба да знаете
Последни објави