Уапсен малолетник во Суботица, истражувал како се прави бомба

Во Суботица е уапсен малолетникот Д. У. од Суботица, ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“. Tој во разговор со училишниот психолог рекол дека не размислувал да направи масакр како оној во училиштето, туку размислувал такво нешто слично да направи во близина на градинка, пишува „Блиц“.

Според медиумот, постапката против него е во тек откако американското ФБИ открило и пријавило до надлежните органи дека малолетникот на интернет креирал списоци со имиња на масовни убијци, а истражувал и како се прави бомба.

Според информациите на „Блиц“, малолетникот по наредба на Обвинителството е приведен и изведен пред Вишиот суд за малолетници и против него е поднесена кривична пријава.
Изречена му е мерка забрана за напуштање на местото на живеење, пишуваат медиумите во соседството.

Треба да знаете
Последни објави