Search

Херта наместо во втора, може да заврши во четврта лига

Екипата на Херта Берлин е главен фаворит за испаѓање од Бундеслигата, но наместо во втората, може да заврши во четврта германска лига.

Тимот од Берлин, на три кола до крајот на сезоната е закован на последното место на табелата, но дополнителен проблем им претставуваат финансиските проблеми поради кои засега не можат да добијат лиценца за настап за следната сезона и се соочуваат со исфрлање од професионалните германски лиги.

Доколку не успее да ги реши финансиските проблеми за брзо време, Херта ќе биде исфрлена во четвртата лига, пишуваат германските медиуми.

Управата на тимот од Берлин се надева дека со нивниот нов спонзор „777 Партнерс“, би требало да бидат решени сите финансиски проблеми и екипата да ја добие потребната лиценца за настап за следната сезона.

„Во постојан контакт сме со Бундеслигата околу процесот на добивање лиценца како и со нашиот инвеститор „777 Партнерс“. Мора да се разјаснат овие две теми и да се исполнат условите околу сопственоста и правилото 50+1. Нема да ги коментираме шпекулациите кои се појавија во медиумите“, стои во соопштението на германскиот тим.

Германските медиуми тврдат дека „процесот е критичен“ и дека ова е најтешкиот случај што Бундеслигата го имала околу лиценцирањето на екипите.

Проблемите со добивањето на лиценца на Херта се поради договорот со американската компанија и со што се прекршува правилото „50+1 отсто“. Со ова правило воведено од германската фудбалска федерација се ограничува влијанието на спонзорите и финансиерите во германските екипи.

Треба да знаете
Последни објави