Search

Трамп виновен за сексуален напад и клевета на колумнистката, мора да ѝ плати 5 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е виновен за сексуален напад на колумнистката Е.Џин Керол.

Поротата составена од шест мажи и три жени нареди Трамп да ѝ плати на жртвата пет милиони долари отштета. Тој ќе се соочи само со парична казна.

Поротата одлучи да и додели на Керол два милиони долари за силувањето и три милиони бидејќи Трамп беше прогласен за виновен за клевета и за тоа што јавно ја нарекуваше лажга.

Трамп негираше дека ја силувал колумнистката во средината на 90-тите во продавница на Менхетен, пренесуваат светските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави