Search

Преселбата на Меси во Саудиска Арабија е готова работа

Најдобриот фудбалер на последното СП, Лионел Меси долго време е поврзуван со трансфер во Ал Хилал, а се чини дека клубот од Саудиска Арабија имал успешни преговори со претставниците на Аргентинецот.

Меси беше поврзуван со Ал Хилал, со трансфер во Интер Мајами, па и враќање во Барселона, но се чини дека ја избрал мултимилионската понуда од азиската земја.

Агенцијата „Франс-Прес“ денеска ексклузивно објави дека Меси ставил потпис на договорот со Ал Хилал и тој трансфер е завршена работа, единствено е нејасно кога ќе биде потврден од азискиот клуб.

АФП се повикува на извори од Саудиска Арабија и наведува дека на крајот на сезоната 35. годишниот Аргентинец ќе се пресели во Саудиска Арабија каде ќе заработува годишно 363.000.000 евра.

Во Саудиска Арабија веќе настапува Кристијано Роналдо во редовите на Ал Наср.

Саудиска Арабија сака да ја промовира својата фудбалска лига во обидот да добие организација на светско првенство, а смета дека најдобрата кампања ќе ја направи токму со ангажирање на големи ѕвезди.

Треба да знаете
Последни објави