Search

СДСМ поддржува една изборна единица, за Изборниот законик потребен е консензус

СДСМ ги поддржува измените на Изборниот законик, со оглед на тоа дека ние од СДСМ бевме првата политичка партија којашто во својата програма уште во 2016 година внесе предлог за една изборна единица, рече пратеникот Миле Талевски.

-Ги поддржуваме законските измени којшто се во делот на препораките од ОБСЕ и ОДИХР.
Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг. Битно е да се дискутира и зеднички како политички партии да го предложиме Изборниот законик и да го изгласаме тука во Собранието, изјави пратеникот.

Треба да знаете
Последни објави